Уапсен радовишанец: се сомничи дека предизивикал пожар на планината Плачковица

Макфакс

09/04/2026

10:00

148

Големина на фонт

а а а

Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода 64-годишниот З.К. од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој е затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума и една викенд куќа.

Поради сомнение дека го предизвикал пожарот тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.

По целосно документирање на случајот, против З.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.