Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер изјави дека Либан мора да биде вклучен во прекинот на огнот на Блискиот Исток, додавајќи дека продолжувањето на израелските напади врз оваа земја предизвикува масовно раселување и тешки хуманитарни последици, пренесуваат агенциите.
Таа за „Скај њуз“ изјави дека е „длабоко вознемирена“ од ескалацијата на израелските напади врз Либан вчера.
Таа за Би-Би-Си изјави дека нападите биле „тотално погрешни“.
Велика Британија и другите европски земји го повикаа Израел да ги запре нападите врз Либан, а Иран повторно да го отвори Ормускиот теснец за комерцијален сообраќај.
Купер рече дека е „клучно“ на Иран да не му биде дозволено да наплаќа патарина во теснецот.








