Наместо мирис на празник, на пазарите се чувствува нервоза: Jајца, месо и салата по нови, повисоки цени

Денар

07/04/2026

12:12

1.446

Големина на фонт

а а а

Цените растат, трпезата се стеснува. И тоа баш кога луѓето најмногу трошат. Велигден доаѓа, ама наместо мирис на празник, низ маркетите и пазарите се чувствува нервоза. Купувачите бројат, враќаат, кратат. Погледнуваат во кесата и знаат дека платиле повеќе, а добиле помалку.

На зелените пазари, ценовниците одамна не се менуваат надолу. Доматите упорно стојат над 250 денари за килограм, а розовиот лесно ја минува и границата од 300.

Краставиците се движат од 100 до 160 денари. Пиперките одамна не се евтини. За килограм треба да издвоите најмалку 300 денари, а во дел од маркетите и до 350. Зелена салата, нешто што порано беше речиси симболично евтино, сега се продава по 50 денари за парче. Морковите се од 50 до 80 денари, магдоносот од 30 до 50. На крај, кога ќе ги собереш сите „ситници“, излегува сметка што не е воопшто ситна.


Младиот компир е околу 170 денари. Младата зелка варира од 50 до 100. Карфиолот одамна ја помина границата од 200 денари, а брокулата се продава и над 300 денари за килограм. Овошјето и зеленчукот кои треба да бидат основа на секојдневната исхрана стануваат луксуз што се купува внимателно, на парчиња, не на килограми.

Ништо поразлично не е ниту со производите што се неизбежни за велигденската трпеза. Јајцата веќе не се „евтина протеинска опција“. Табла се продава над 300 денари. Едно јајце чини околу 11 денари. Пакување од 10 јајца оди од 110 до 160 денари, зависно од големината. Најмалите, S-класа, чинат околу 340 денари за табла, а за поголемите, L или XL, цената се качува до 400 денари.

Купувачите не прашуваат повеќе дали има поевтино. Прашањето е колку да се земе. Десет или дваесет. Дали да се бојадисаат сите или да се остави дел за јадење.

Јагнешкото месо, традиционално врзано со празникот, дополнително ја комплицира сметката. Цените почнуваат од 750 денари за килограм и одат нагоре. Во некои месарници купувањето станува условно. Ако земеш бут, мора и нешто друго. Ако бараш плешка, ќе ти додадат и дел што не си планирал. Не секогаш по избор.

Останатиот дел од текстот прочитајте го ТУКА.