Иран им советуваше на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да не им дозволуваат на САД да ја користат нивната територија и воздушен простор за воени напади врз Исламската Република, потсетувајќи ги двете земји на нивната „меѓународна одговорност“ да не олеснуваат „акти на агресија“.
Во две одделни писма упатени до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност на ОН, иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, наведе повеќе случаи на американски воени авиони кои го користеле или преминувале воздушниот простор на Саудиска Арабија и Емиратите со цел бомбардирање на ирански цели, објави порталот „Прес ТВ“.
„Во светлината на меѓународната одговорност на една држава што произлегува од ставањето на нејзината територија на располагање на други за извршување агресија, Иран го изразува своето силно и недвосмислено противење и силно ги повикува Саудиска Арабија и ОАЕ да спречат понатамошно користење на нивната територија против Иран“, се вели во писмата.
Амбасадорот додаде дека Иран го задржува правото да ги преземе сите потребни мерки, вклучително и самоодбрана, со цел да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет, пренесува Танјуг.








