Ашрав Хакими веќе подолго време е дел од Пари Сен Жермен, период во кој имаше можност да игра заедно и со Лионел Меси.
Меси го изненадувачката разделба со Барселона го избра ПСЖ за нок клуб во кариерата, меѓутоа и Лео не успеа да помогне да се оствари сонот за пехар во Лигата на шампионите иако во групата на играчи беа уште асови како Мбапе, Нејмар, Рамос…
По заминувањето на големите ѕвезди „светците“ тргнаа во друг правец и засега добро функционираат за нив, па Хакими даде една интересна и неочекувана изјава дека не се чувствувал добро во ПСЖ кога Меси бил дел од екипата.
-Штом пристигна Меси, проектот Пари Сен Жермен се промени, а со него и стилот на игра на тимот. Игравме на различни начини и не уживав во тоа. Не ги правев работите што ги сакам, како напаѓање и чувство на важност… Се чувствував како спореден играч и се сеќавам дека во тој момент размислував за мојата ситуација во националниот тим, каде што ме третираа како важен играч, -истакна дефананзиевцот.
Мароканецот исто така го сподели своето мислење за критиките од јавноста.
-Мене ми беше ментално тешко да играм во Париз онака како што сакав, а потоа почнав да добивам критики, луѓето ме прашуваа зошто играм на еден начин за Мароко, а изгледам поинаку во ПСЖ. Не е ли тоа добро? Или има некоја друга причина? Луѓето не ја разбираат разликата, -порача Ашраф.








