Голема афера ја тресе италијанската влада: „Вистина е. Јас сум љубовницата на министерот“

Точка

04/04/2026

18:05

2.346

Големина на фонт

а а а

Италијанската премиерка Џорџа Мелони минатата недела загуби важен референдум, се справува со последиците од обвинувањата дека еден од нејзините министри, кој минатата недела поднесе оставка, имал врски со мафијата, а веќе оваа недела има нова афера со која мора да се занимава.

Имено поранешна манекенка открила дека има афера со италијанскиот министер за внатрешни работи, оженет маж со две деца, пишува „The Telegraph“.


Клаудија Конте, 34-годишна новинарка, во радио-интервју тврдела дека има афера со Матео Пјантедоси, 62-годишниот министер. Исто така, било откриено дека Конте добила неплатена функција во парламентарна истражна комисија која се занимава со полициски и безбедносни прашања во урбаните периферии на италијанските градови.

Водителката ја прашала Конте, која има повеќе од 300 илјади следбеници на Инстаграм, за гласините дека е во романтична врска со министерот, на што таа одговорила: „Тоа е нешто што не можам да го негирам.“


Пјантедоси јавно не ја коментирал таа изјава, ниту, пак, премиерката Мелони. Портпаролот на министерот за внатрешни работи рекол дека нема да го коментира тврдењето дека имал афера со неа и додал дека министерот во четвртокот бил на работа како и обично, пренесе „The Telegraph“. Министерот никогаш никому не давал „услуги, работни места или именувања“, додал портпаролот.


Се наведува дека Конте извршувала разни јавни функции и консултантски ангажмани, вклучувајќи ја и функцијата уметничка директорка на италијански филмски фестивал, а на нејзиниот профил на Инстаграм се гледа дека се дружела со министри, политичари и со папата Лав.


Џовани Донцели, висок функционер во партијата Браќа на Италија, кој е близок до премиерката, изјавил: „Ми се чини дека Пјантедоси нема што да крие и во секој случај многу добро ја извршува својата министерска работа. Секој има право на приватен живот и да прави што сака. Во моментов постојат посериозни проблеми со кои треба да се соочиме“. Со тоа се согласуваат и другите членови на владејачкото мнозинство, додека опозициските партии бараат министерот да одговори на обвинувањата.


Но, ова не е првпат некој од министрите во мандатот на Мелони да мора да поднесе оставка поради афера. Претходно тоа го направил министерот за култура Џенаро Санџулијано. Овој 63-годишник бил принуден да поднесе оставка во септември 2024 година, откако било откриено дека бил во тајна романтична врска со младата инфлуенсерка Марија Розарија Боча. Потоа дал интервју на телевизија, извинувајќи ѝ се на премиерката што ја посрамотил, а на сопругата поради неверството.