Бура во Португалија: Спортинг победи на скандалозен начин, Порто и Бенфика го кренаа гласот

Дерби

04/04/2026

13:05

338

Големина на фонт

а а а

Новата рунда натпревари во португалската елита започна со скандалозна победа на Спортинг на домашен терен, а бурата е до толку силна во оваа земја, што со јавни објави се јавија и главните ривали за титулата.

Санта Клара беше сериозно оштетена во неколку наврати на натпреварот против Спортинг, бидејќи главниот судија најпрво ги врати домаќините во живот со непостоечки пенал, потоа судеше прекршоци за дуели во кои фудбалерите во „зелено-бело“ самите паѓаа, но поништи и чист гол на гостите.

Серијата одлуки во корист на Спортинг направи домаќините на крајот да слават со 4:2, но трите освоени бода останаа во сенка на реакциите кои доаѓаат од Португалија.

Цела спортска јавност „згрме“ против сцените кои не даваат добра слика за најсилната фудбалска лига во Португалија, а со објави за неверување се јавија и Бенфика и Спортинг.