Француски товарен брод помина низ Ормускиот теснец под иранска контрола

Макфакс

04/04/2026

11:51

257

Големина на фонт

а а а

Францускиот брод „Криби“, под знаме на Малта, помина низ Ормутскиот теснец користејќи таканаречен „сигурен коридор“ во ирански води.

Иран ги пренасочува бродовите од стандардната трговска рута кон север, околу островот Ларак, за да може Револуционерната гарда да ги прегледа визуелно. Овој коридор е наречен и „техеранска наплатна станица“.

Податоците покажуваат дека „Криби“ имал активен систем за следење додека бил во ирански води, а по излегувањето од теснецот системот бил исклучен.

Пред влегувањето, бродот го променил своето одредиште во ознака „FRENCH OWNER“, веројатно за да се покаже јасно сопственоста на иранските власти.

Аналитичари наведуваат дека некои бродови плаќале и до два милиони долари за поминување, но не е познато дали „Криби“ платил.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека воена операција за отворање на теснецот не е реална и дека единствено решение е дипломатијата.

„Теснецот мора да биде повторно отворен бидејќи е клучен за енергија, ѓубрива и меѓународна трговија, но тоа може да се постигне само со договор со Иран“, истакна Макрон.