САД испратиле специјалци во Иран за извлекување на соборениот пилот

Нетпрес

04/04/2026

13:36

265

Големина на фонт

а а а

Иранските медиуми не наведуваат со кој авион управувал пилотот по кој се трага, бидејќи имаше извештаи дека иранските воздухопловни сили собориле и авион „F-15Е“

Американската војска испратила специјални сили во Иран во потрагата по еден од исчезнатите пилоти на соборениот американски борбен авион, објави The Telegraph.

Според британскиот весник, двајцата членови на екипажот на американскиот борбен „F-15Е“ „се катапултирале, што предизвика трка меѓу Техеран и Вашингтон за пронаоѓање на пилотите“.

Еден беше спасен за време на операција во која учествуваа два американски воени хеликоптера и нисколетачки танкер за полнење гориво во лет, објави весникот.

Ден претходно, иранската Револуционерна гарда објави дека го соборила вториот борбен авион „F-35“ од класта „невидливи“ (стелт) од почетокот на американската и израелската војна.

Агенцијата Tasnim првично објави дека војската можеби го заробила пилотот на авионот, кој се катапултирал. Подоцна се појавија извештаи дека Техеран понудил награда за заробувањето на пилотот, што е спротивно на извештајот на иранската новинска агенција.

Иранските медиуми не наведуваат со кој авион управувал пилотот по кој се трага, бидејќи имаше извештаи дека иранските воздухопловни сили собориле и авион „F-15Е“. Исто така, има контрадикторни информации за бројот на пилоти, бидејќи „F-35“ е авион со еден пилот, додека најновите модификации на „F-15E“ се авиони со два пилота.

Бригадниот генерал Алиреза Елхами, командант на Заедничкиот штаб за воздушна одбрана на Иран, за време на инспекцијата на позициите за воздушна одбрана на Армијата и РЕволуционерната гарда изјави: „Ние сме во заседа на непријателските ловци и беспилотни летала, а ловот на непријателските ловци од 5-та генерација и напредни беспилотни летала е овозможен преку современи домашни методи и опрема“.

Бригадниот генерал Елхами додаде: „Храбрите сили за воздушна одбрана на земјата во тековната војна успеаја да уништат неколку напредни непријателски ловци, повеќе од 160 MQ-9, Hermes, Lucas и други видови непријателски беспилотни летала што му припаѓаат на американско-ционистичкиот непријател, како и десетици крстосувачки ракети, и ја разбија шупливата пропагандна фасада на непријателот“.

„Таргетирањето, оштетувањето и соборувањето на неколку напредни непријателски борбени авиони од четвртата и петтата генерација од страна на единиците за воздушна одбрана е резултат на тактиките, користењето на модерна опрема и иновациите на системите за воздушна одбрана на Армијата и Револуционерната гарда, што го остави непријателот збунет“, изјави Елхмаи за агенцијата Fars.