[ВИДЕО] Кога храната станува утеха, а не потреба?! Лидија Кочовска во емотивна исповед за здравјето: „Имам дијабетес и уништување на видот“

Точка

03/04/2026

20:45

607

Големина на фонт

а а а

Во време кога живееме брзо, под стрес и сè почесто јадеме „на нога“, храната одамна престана да биде само потреба — за многумина таа стана утеха, бегство и тивок одговор на секојдневните притисоци.

Нередовната исхрана, премногу шеќер, малку движење и занемарувањето на сопственото здравје оставаат сериозни последици, кои често ги сфаќаме дури кога телото ќе почне да „вика“ за помош. Токму за таа сурова реалност, но и за личната битка со здравјето, искрено проговори Лидија Кочовска, откривајќи дека се соочува со дијабетес и нарушување на видот — исповед што отвора многу пошироко прашање: колку навистина се грижиме за себе, пред да биде предоцна?

Пејачката откри дека има дијабетес и дека 80 проценти не гледа на едното око.


„Јас јадам кога сум под стрес. Утеха наоѓам во храна. Единствен начин кога јас можам да ослабам е да се вљубам и да почнам здраво да спортувам. Самата тежина си го прави своето. Јас и да сум полесна, мене ќе ми прави проблем. Имам спазам на десното колено. И сега тоа ми прави проблем, тежината си го надополнува тоа, за да станам ми треба време, едно пет-шест секунди додека се стабилизирам и тука почнувам“, рече пејачката во видеото што го сподели на својот инстаграм-профил.


Потоа откри дека има дијабетес, а поради тоа и проблеми со видот на едното око.

„Конкретно и за мојот проблем што го имам, значи дијабетес, уништување на видот, 80 проценти на десното око заради дијабетесот. Дијабетесот повлече и тироидна жлезда. Десниот лобус е полн со чворови, исто така, нели, позабавено си реагира тироидата“, рече Кочовска и додаде дека и храната е пресудна.


„Меѓутоа, јас имам, да речеме, една шема на јадење. Појадокот го јадеш сам, она што старите го викаат, ручекот подели го со пријател, вечерата дај му ја на непријател“, рече пејачката, која важи за еден од нашите најдобри вокали.

Кочовска е вработена во хорот на Националната опера и балет, а повремено настапува. Иако одамна нема снимено нова песна, нејзините „Доволно луд“, „Ангел мој“, „Што сака нека биде“ и други се евергрини.