Поранешниот голман на Ливерпул ќе се пензионира на крајот од сезоната

Макфакс

03/04/2026

09:57

175

Големина на фонт

а а а

Белгискиот голман Симон Мињоле објави дека ќе ја заврши својата професионална кариера на крајот од сезоната, во која го носеше дресот на Ливерпул шест години.

Мињоле (38), кој игра за Клуб Бриж од 2019 година, ќе го игра последниот натпревар во својата кариера на 24 мај дома против Гент, во последното коло од плејофот на белгиската лига.

„Конечниот резултат не е целосно во мои раце, но мојата посветеност, волја и решителност ќе бидат присутни секој ден до мојот последен момент во Клуб Бриж. Имаме уште 10 важни натпревари пред нас со една јасна цел – да станеме шампиони“, рече Мињоле.

Пред почетокот на плејофот на белгиската лига, Клуб Бриж е на второто место со 32 бода, еден бод помалку од водечкиот Унион Сен Жилоа.

Мињоле се пензионираше од белгиската репрезентација во 2023 година. Тој одигра 35 натпревари за Белгија и учествуваше на три Светски првенства и две Европски првенства.

Покрај за Клуб Бриж, тој играше за Сен Тројден и Сандерленд, а член на Ливерпул од 2013 година. За „црвените“ одигра над 200 натпревари, а во сезоната 2018/19 ја освои и Лигата на шампионите.

Локалните медиуми објавуваат дека Мињоле, во септември ќе ја започне својата кариера како менаџер во Белгиската фудбалска асоцијација.