Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ја коментираше лошата форма во која се наоѓа играчот на Манчестер Сити, Фил Фоден.
Германецот го повика во репрезентацијата за пријателските натпревари со Уругвај и Јапонија за да се обиде да се наметне за претстојното Светско првенство, но се чини дека тоа не вроди со плод.
„Тој го даде својот максимум. Би рекол дека беше добар на тренинзите, но се мачеше да го покаже тоа на натпреварите. Во последно време немаше многу минути во Манчестер Сити. Но, дојде во кампот на репрезентацијата со голема насмевка и беше многу добар на тренинзите, па мислев дека ќе нè изненади и ќе игра со ист ентузијазам и возбуда, но се мачеше да биде влијателен“, рече Тухел.
На прашањето дали би можел да стави во ростерот играч што се мачи со формата, Тухел даде интересен одговор.
„Можам. Но, прашањето е дали сакам. Не е гарантирано дека ќе биде со нас. Ќе видиме“, рече германскиот стручњак.








