Руски танкер свртен кон Венецуела: Товарот наместо за Куба заврши на нова дестинација

Макфакс

02/04/2026

18:37

240

Големина на фонт

а а а

Танкер со руско гориво, кој првично бил насочен кон Куба, започнал да го истоварува товарот во Венецуела, покажуваат податоците за следење на пловила и извор, пренесе Ројтерс.

Бродот „Sea Horse“, под знаме на Хонг Конг, бил пренасочен минатиот месец откако со недели стоел во Атлантикот поради американската нафтена блокада кон Куба.

Во меѓувреме, Русија најави дека ќе продолжи да ѝ помага на Куба, која се соочува со сериозна енергетска криза и чести прекини на струја што ги загрозуваат клучните системи.