Цените на лебот и пецивата нема да се покачуваат до крајот на април, да не се создава паника и несигурност кај граѓаните, велат од ССКМ

Макфакс

02/04/2026

17:16

249

Големина на фонт

а а а

Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

На средбата меѓу заклучоците беше потенцирано дека состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 % во државата.

„Како општествено одговорна индустрија, преставниците и членовите на Коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно, да останат на исто ниво и во следниот период, до крајот на април, при што состојбите континуирано што ќе се следат и ќе се анализираат;

Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените.

Исто така, мелничко пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите“, се нагласува во информацијата од ССКМ.