САД ги отвораат вратите за британски лекови: Без царини најмалку три години

Макфакс

02/04/2026

18:49

142

Големина на фонт

а а а

Велика Британија постигна договор со САД за фармацевтско партнерство што овозможува бесцарински увоз на британски лекови, пренесе Ројтерс.

Со договорот, Вашингтон се обврзува на нулта царина за британски фармацевтски производи во период од најмалку три години.

Британската влада соопшти дека со ова станува единствената земја чии лекови имаат ваков пристап до американскиот пазар.