[ФОТО] Го победила ракот на дојка и ги воодушевила сите: Убавата актерка блеска по низа операции

Кармин

01/04/2026

14:00

548

Големина на фонт

а а а

Актерката Оливија Мун пред три години дознала за дијагнозата рак на дојка, по што била подложена на операции, а денес живее со „полни гради“.

Актерката (45) гостувала во емисијата „Today“, во која отворено зборувала за својата борба со ракот на дојка и за сè низ што поминала во текот на процесот на закрепнување.


Оливија уште во 2024 година јавно ја раскажала својата приказна на социјалните мрежи и искрено ги споделила своите емоции со сите.

„Луминален тип Б е агресивен рак што брзо се шири“, рекла тогаш и набргу потоа била подложена на операција за реконструкција на градите, потоа започнала и хормонска терапија поради која брзо влегла во менопауза, а ѝ биле отстранети и матката, јајниците и јајцеводите.


По целата таа борба, Оливија била фотографирана на улиците на Њујорк додека се враќала од снимање на емисијата и позирала како вистинска победничка.


За таа пригода избрала црни панталони, оверсајз сако и сè искомбинирала со елегантни црни потпетици. Со насмевка на лицето Оливија покажа дека е посилна од сè, иако нејзината борба сè уште не е завршена.


„Ме чекаат години лекување од рак“, рекла во една пригода и им порачала на сите дека се труди да ги пронајде малите радости во животот.


Инаку актерката ужива во бракот со Џон Мулејни, кој ѝ бил најголема поддршка за време на лекувањето, а заедно имаат две деца, син (4) и ќерка (1).


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk