Кукурелја за големата грешка на Челси: Ќе умрев за него…

Дерби

31/03/2026

14:03

249

Големина на фонт

а а а

Марк Кукурелја веќе четири години е дел од премиерлигашот Челси, тим во кој е стандарден првотимец, клуб со кој досега освои две титули и тоа во Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство.

Ова беше период во кој екипата беше предводена од Енцо Мареска кој некое време подоцна заработи неочекуван отказ, потег кој не се покажа како добар за „сините“ и потврда за тоа се резултатите под водство на Лиам Росениор.

Играчите дефинитивно биле за тоа Мареска да остане на „Стемфорд Бриџ“, да продолжи да ги води, а тоа уште еднаш го потврди Кукурелја кој откри дека заминувањето на Италијанецот влијаело доста врз екипата.

-Со Енцо Мареска на чело, бевме постабилни, бидејќи работевме заедно 18 месеци. Ако ги погледнете нашите први предсезони со него, имаше сомнежи. Потребен ви е процес за секој играч да разбере што треба да направиме. Во последните месеци со Мареска, игравме речиси напамет. Ако го сменевме системот, знаевме што треба да направиме. Ви треба тоа време.

-Кога менаџерот ви дава таа доверба и ви нуди платформа да се борите за титули, ќе умрете за него. Во моментот кога Мареска си замина, тоа имаше големо влијание врз нас. Ова се одлуки донесени од клубот. Ако мене ме прашавте, јас немаше да ја донесам оваа одлука, -истакна Шпанецот за „Атлетик“.

Големиот борец е под договор со премиерлигашот до 2028 година, но самиот призна дека ситуацијата може да се промени ако на негова адреса стигне понуда од Барселона.