Анчелоти: Жога бонито? Па, Бразил 40 години не игра атрактивно

Макфакс

31/03/2026

10:22

392

Големина на фонт

а а а

Пред натпреварот против Хрватска, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, јасно ја искажа својата фудбалска филозофија и план за освојување на Светското првенство.

Италијанскиот стручњак нагласи дека одбраната е поважна за резултатот отколку бразилскиот идеал за атрактивен фудбал.

Запрашан за бразилскиот стил на игра познат како „Жога Бонито“, Анчелоти понуди прагматичен одговор.

„Жога Бонито“? Бразил ги освои последните две Светски првенства комбинирајќи талент и одбрана. На пример, во 2002 година со Сколари и неговите тројца централни дефанзивци, а во 1994 година Пареира постави две линии од по четири играчи за да го користат Ромарио во нападот. Нема друг начин освен добра одбрана.

Светското првенство го освојуваат тимовите што примаат најмалку голови, а не оние што постигнуваат најмногу. Не сакам да ме нарекуваат дефанзивен тренер, но одбраната е исклучително важна за тимот“, заклучи Италијанецот.