Меѓународната невладина организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес објави дека Иран користи забранета касетна муниција против Израел, оценувајќи дека ова може да претставува воено злосторство.
Организацијата изјави дека од почетокот на војната на 28 февруари, Иран постојано користел касетна муниција против Израел, при што загинале четири цивили.
ХРВ наведува дека ова оружје, предизвикало цивилни жртви и претставува трајна закана поради распрснувањето на повеќекратни експлозивни полнења на широки области.
ХРВ анализираше 50 видеа и пет фотографии објавени на интернет кои ја покажуваат наводната употреба на касетна муниција од страна на Иран помеѓу 1 и 20 март, како и шест фотографии од неексплодирана подмуниција во Израел и на Западниот Брег.
Невладината организација нагласува дека оваа муниција, која е меѓународно забранета поради нејзината неселективна природа, го изложува цивилното население на непосредни и долгорочни ризици, особено кога нејзините сегменти не експлодираат, туку остануваат на земја.
ХРВ го повика Иран, кој не ја ратификуваше Конвенцијата за касетна муниција од 2008 година, да престане да ја користи и повтори дека сите страни во конфликтот се должни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право.








