[ФОТО] Дали новиот „Geely“ премногу ве потсетува на некој автомобил?

Точка

30/03/2026

13:46

503

Големина на фонт

а а а

„Geely“ се подготвува да го претстави новиот модел „Zhanjian 700“ – нов SUV кој очигледно црпи инспирација од моделот „Land Rover Defender“ и се најавува како сериозен играч во сегментот.

Компанијата засега не открива многу детали, но моделот беше најавен со концепт на минатогодишниот саем во Шангај и визуелно повеќе наликува на британски отколку на кинески автомобил. Сличностите се очигледни – од правоаголните фарови со кружни дневни светла до карактеристичната маска на ладилникот.

Дизајнот продолжува во истиот дух и од страна, со слични линии на каросеријата и отвори за вентилација на крилата, како и заштитни пластични облоги. Сепак, постојат разлики во деталите, како линијата на покривот и задниот дел од возилото, пренесува „CarsScoops“.


Меѓу главните визуелни елементи се издвојуваат контрастниот покрив, двобојните тркала и резервното тркало монтирано одзади, како и кровните носачи и затемнетите столбови.

Ентериерот засега не е целосно откриен, но може да се забележи рачка на менувач во форма на полуга, квалитетни прекинувачи и низа копчиња за теренско возење, вклучувајќи контрола на висината, редуктор и блокада на диференцијалот.


Техничките детали сè уште не се потврдени, но „Geely“ наведува дека моделот има интегрирана шасија и три електромотори за погон на сите четири тркала. Сепак, постојат индиции дека би можел да има и хибридна верзија со бензински мотор и батерија од околу 70 kWh.

Официјалната премиера се очекува наскоро, а моделот ќе цели кон премиум теренскиот сегмент со перформанси на ниво на водечките модели.