Лишен од слобода државјанин на Албанија по потерница на Интерпол

Макфакс

28/03/2026

16:05

139

Големина на фонт

а а а

На 27 март 2026 година, во 19:05 часот, на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ц.А. (33) од Република Албанија.

При извршените проверки било утврдено дека за лицето била распишана меѓународна потерница по барање на Интерпол Белгија. Лицето е предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка од надлежните органи.