Кривични пријави за лицата кои ги попречуваа вработените во АХВ да ги заловат кравите во Крива Паланка

Макфакс

28/03/2026

14:59

183

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 4 март 2026 година, во два наврати во населбата Баглак и во село Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток, односно крави.

Според надлежните, овие дејствија претставуваат сериозно попречување на службените активности, а случајот е предаден на понатамошно постапување од страна на обвинителството.