[ВИДЕО] Хабиб Нурмагомедов: „ММА не е спорт за жени. Мажите се посилни, а жената е послаба. Бог така го создал тоа“

Точка

27/03/2026

20:09

408

Големина на фонт

а а а

Хабиб Нурмагомедов поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија на прес-конференција во Тајланд ги споделил своите размислувања за женските ММА борби, пренесе „Bloody Elbow“.

Имено една жена од публиката го замолила Хабиб да ги објасни своите ставови за подемот на женските ММА борби.

„Сега луѓето повторно ќе ме критикуваат. Но погледнете, највредното нешто на нашето тело е лицето, нели? Сите секој ден се гледаме во огледало и сакаме да изгледаме добро. Мажите можеби еднаш, но ако жените имаат огледало со себе, се гледаат 1.000 пати дневно. Барем 100 пати“ го започнал Нурмагомедов својот одговор.

„Како вие лично се чувствувате кога ќе отидете во сала и ќе добиете удар во лице? Не сте го добиле. Но тоа не ви треба. Сепак, постојат жени кои го избираат овој спорт. Тоа е нивен избор. Ако мене ме прашувате, јас не би го избрал овој спорт за жени. Брутален е дури и за мажи. За жени… јас тоа дури ни не го сметам за спорт“ додал тој.

Хабиб и претходно во кариерата истакнувал дека не е љубител на женските борби, а објаснил и зошто.

„Секој човек во животот има мисија. За мажот тоа е да ги воспитува децата, да се грижи за семејството, за саканите, соседите, роднините. Многу малку жени преземаат големи одговорности. Многу им е тешко. Тоа не е без причина. Дури и Бог така го создал тоа. Жената е послаба, мажот е посилен“ истакнал тој.

Сепак, Нурмагомедов нема ништо против тоа жените да тренираат самоодбрана.


„Ако сакаат да дојдат во сала и да тренираат за да можат да се одбранат, нека дојдат, нема проблем. Но за мене и понатаму е дивјачки кога жена ќе добие удар во лице. Без разлика дали маж ја удира или жена удира жена. Особено ако жената е мајка или има неколку деца. Цел ден прима удари во лице, а потоа доаѓа дома. Таму каде што јас пораснав, не сум видел ништо слично“ објаснил, па заклучил:

„Луѓето сакаат сето тоа да го променат и да го измешаат. Не знам како вие гледате на тоа, но јас сакам кога мажот работи машка работа, а жената женска. Не сте деца. Одлучете сами“.