Херојот на Данците не спиел со месеци поради Македонија: Лежев во кревет и размислував што може да се случи

Дерби

27/03/2026

08:37

414

Големина на фонт

а а а

Данска во фуриозни десет минути го скрши отпорот на Македонија и го реши прашањето околу патникот во бараж финалето за пласман на Светско првенство, а во раната фаза на вториот дел, во јунак на скандинавците прерасна Густав Исаксен.

Крилниот фудбалер покажа дека незалудно е еден од најопасните играчи на Лацио оваа сезона, па со своите два гола нанесе голема штета на македонскиот состав во чувствителен дел од мечот.

Исаксен прерасна во МВП со своите два погодоци во мрежата на Димитриевски и ја имаше најдобрата фудбалска вечер како дански репрезентативец, по што самиот нагласи дека зад себе оставил непријатни месеци во кои чувствувал голем притисок.

Данска разочара на последниот натпревар од квалификациите за Светско првенство и поразот од Шкотска значеше дека ќе мора да игра бараж, а бидејќи од таа вечер минаа цели четири месеци, дури сега Исаксен вели дека ќе може помирно да спие.

– Ова беа напорни денови и напорни месеци за мене. Лежев во кревет секоја вечер и размислував за натпреварот против Македонија, за тоа што може да се случи. Последниот натпревар од квалификациите донесе огромно разочарување за нас. Сега чувството е сосема поинакво, но треба да знаеме една работа. Се уште ништо не сме завршиле, ова беше првиот од двата чекори до Светско првенство, мора да ја завршиме работата во финалниот меч, – изјави Исаксен.