[ФОТО] Отишол во луксузен ресторан, па покажа што добил за 90 евра: „Што е ова, по ѓаволите?“

Точка

27/03/2026

11:30

1.362

Големина на фонт

а а а

Фотографии од тестенини послужени во алуминиумска фолија предизвикаа бурни реакции на интернет, откако гостин на популарен италијански ресторан во Сиднеј се пожали на превисоката сметка.

Своето незадоволство од ресторанот „Frankie B's“ го изразил на социјалните мрежи, а неговата објава на Редит, во која споделил фотографии од необичното јадење, набрзо стана вирална. Вечерата за двајца, составена од две порции тестенини и еден пијалак во ресторан во квартот Парамата, наводно го чинела 150 австралиски долари (90 евра).

Објави рецензија што брзо се прошири на интернет

Незадоволниот гостин ја објавил својата рецензија на популарна интернет-страница за љубители на храна, тврдејќи дека искуството било далеку од она што го очекувал.

Според неговата објава, сметката за две порции тестенини и еден алкохолен пијалак изнесувала вкупно 150 австралиски долари (90 евра), а во таа цена била вклучена и викенд-доплата од 25 австралиски долари (15 евра).

Franki B’s Parramatta Review
by

u/No_Mine_3041 in

foodies_sydney

„Сакав само да го споделам нашето искуство со другите“, ја започнал својата објава.

„Топка“ тестенини во фолија

На една од споделените фотографии се гледа голема бела овална чинија на која има масивна „топка“ од алуминиумска фолија. Фолијата од страните е завиткана така што потсетува на рачки, па сè заедно повеќе наликува на импровизирана ќеса за печење отколку на јадење сервирано во ресторан.

Втората фотографија ја открива содржината внатре: густа, збиена маса од шпагети со лосос, врз кои се ставени неколку чери домати.


Корисниците во неверување

Корисниците на Редит брзо се вклучија во дискусијата, а многумина во коментарите изразија изненадување. „Што е ова, по ѓаволите?“, гласеше еден од коментарите. „Што е ова воопшто?“, праша друг, додека трет на шега одговори: „Ова е топка од шпагети“.

„Ова изгледа како нешто што во некоја локална сендвичара не би го платиле повеќе од 8.50 долари“, напиша еден корисник. „150 долари за тестенини во фолија?“, коментираше друг.

Ресторанот се претставува како луксузен

„Frankie B's“ инаку се претставува како луксузен ресторан во Парамата кој работи 24 часа на ден, а на менито има и јадења како тестенини „Mac & Lobster“ по цена од 89,90 австралиски долари (54 евра). Гостинот тврди дека се пожалил за храната и во рецензија на „Google“, како и дека испратил е-пошта до ресторанот, но одговор не добил.