[ФОТО] По 18 години – пронајден автомобилот на Пол Вокер од вториот дел на „Fast & Furious“

Точка

26/03/2026

13:31

816

Големина на фонт

а а а

Легендарниот „Nissan Skyline R34 GT-R“, кој го возеше Пол Вокер во филмот „2 Fast 2 Furious“, повторно е пронајден по речиси две децении.

Автомобилот 18 години бил скриен од очите на јавноста, а сето тоа време се наоѓал во дневната соба на една куќа во Норвешка, каде што сопственикот го чувал како своевиден експонат.

Со години овој „Nissan“ бил надвор од радарот на колекционерите, па дури се верувало дека е изгубен. Се покажа дека приватен сопственик го чувал како „свет предмет“, паркиран меѓу мебелот.

Компанијата „Chromecars“ успеала да го пронајде и откупи дури по пет години преговори, по цена која се проценува на повеќе милиони евра.

Станува збор за главниот автомобил од филмот, еден од вкупно шест користени примероци, и веројатно единствениот што останал целосно зачуван во оригинална состојба. Поради тоа има огромно значење за историјата на франшизата „The Fast and the Furious“ и автомобилската култура воопшто, пренесува австралискиот портал „7news“.

Потврдена автентичност

Автентичноста на возилото ја потврдил експертот Крег Либерман, кој учествувал во создавањето на автомобилите за раните филмови од серијалот.

Да потсетиме, актерот Пол Вокер загина на 30 ноември 2013 година, на 40-годишна возраст, додека тој ден попладне се возел со пријатели и својот финансиски советник Роџер Родас во „Porsche“ во местото Санта Кларита, во Јужна Калифорнија.

Роџер, кој бил зад воланот, изгубил контрола над автомобилот, кој потоа удрил во столб за осветлување, се забил во дрво, по што возилото експлодирало.