Данците објавија совети како да заштедите гориво

Точка

24/03/2026

13:13

489

Големина на фонт

а а а

Можете да заштедите пари и истовремено да ја заштитите животната средина ако се придржувате до неколку едноставни правила при возење на бензински или дизел автомобил. Еве што е потребно.

Секој пат кога ќе седнете зад воланот на вашето бензинско или дизел возило, имате можност да заштедите – едноставно со економично возење.

Примената на неколку совети може да ви заштеди стотици евра годишно. Помалата потрошувачка на гориво не е добра само за вашиот буџет, туку и за животната средина, пишува данскиот портал „FDM“.

Изберете го вистинскиот автомобил

При купување, обрнете внимание на потрошувачката на гориво. Автомобил со помала потрошувачка значи секојдневна заштеда и пониски годишни трошоци (на пример регистрација). Ако често возите на подолги релации и по автопат, размислете за дизел возило кое ги исполнува најмалку стандардите „Euro 6 d“.


Возете паметно

Забрзувајте постепено (приближно со половина гас) до посакуваната брзина. Следете го сообраќајот пред вас и држете растојание, бидејќи повторното забрзување по кочење ја зголемува потрошувачката. Ако можете, дозволете му на возилото лесно да „лизга“ кон семафор на црвено светло.


Внимавајте на брзината

Кога моторот работи под големо оптоварување, троши повеќе гориво. Зголемувањето на брзината од 110 на 130 км/ч може да ја зголеми потрошувачката и до 20%. Возете во највисок можен степен на пренос и обидете се да одржувате константна брзина – на пример со помош на темпомат. Наглите забрзувања значително ја зголемуваат потрошувачката.

Доколку сакате дополнителна едукација за економично возење во сопственото возило, постојат специјализирани курсеви за безбедно и штедливо возење.


Штедете енергија

Исклучете ги дополнителните потрошувачи како грејачот на задното стакло, климата или грејачите на седиштата кога не ви се потребни. Исклучете го моторот ако подолго време стоите – работата во празен од троши гориво и ѝ штети на животната средина. Редовно одржувајте го возилото и внимавајте на притисокот во гумите – се препорачува да биде на горната граница од препорачаните вредности. Овие податоци можете да ги најдете во прирачникот на возилото или на внатрешната страна од капачето на резервоарот за гориво.