Сè што треба да знаете за плејофот за пласман на Светското првенство

Макфакс

25/03/2026

19:46

323

Големина на фонт

а а а

Остануваат уште околу два и пол месеци до Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, а на последниот ден од март ќе се знае кои шест репрезентации ќе го комплетираат кругот од 48 екипи што ќе учествуваат на планетарната смотра.

Одговорот на тоа прашање ќе се знае по завршувањето на интерконтиненталните натпревари, каде што ќе добиеме две, и европскиот бараж, од каде што ќе пристигнат четири екипи, со што ќе биде комплетираната листата на учесници.

Сите полуфинални натпревари се закажани за 26 март, додека финалните натпревари ќе се играат пет дена подоцна. Се игра на еден добиен натпревар.

Една од 22-те репрезентации, учеснички во баражот е и Македонија. Избраниците на Гоце Седлоски, утре ќе и гостуваа на Данска. Ова е дела од „Патеката Д“ за пласман на Мундијалот. Во второто полуфинале ќе се сретнат Чешка и Република Ирска. Финалето ќе се игра во Прага или Даблин, а победникот ќе оди во групата А, каде што се Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја.

Во „Патеката А“, Велс и Босна и Херцеговина ќе играат во полуфиналето во Кардиф, односно Италија и Северна Ирска во Бергамо, а победниците ќе играат во Кардиф или Зеница за пласман на Светското првенство, во групата Б, каде што се Канада, Катар и Швајцарија.

„Патеката Б“ се состои од полуфиналните парови Украина – Шведска и Полска – Албанија, а победниците од овие два пара ќе играат во финалето или во Валенсија, каде што Украина игра како домаќин, или во Солна, ако слават Швеѓаните. Победникот оди во групата Ф со Холандија, Јапонија и Тунис.

Патеката Ц ги носи натпреварите Словачка – Косово во Братислава и Турција – Романија во Истанбул, а финалето ќе се игра во Братислава или Приштина. Победникот оди во групата Д со САД, Парагвај и Австралија.

Во Интерконтиненталниот бараж ќе се натпреваруваат шест селекции.

Овој дел е поделен на два натпревари – првиот натпревар го сочинуваат Нова Каледонија и Јамајка во полуфиналето (27 март, 14.00 часот), а победникот ќе игра пртоив Конго (31 март, 23:00 часот).

Тимот што ќе триумфира оди во Групата К, каде што се Португалија, Узбекистан и Колумбија. Натпреварите ќе се играат во Запопан, Мексико.

Во вториот дел од баражот се Боливија и Суринам, фудбалски лилипутанец и земја што сака да се придружи на соѕвездието дебитанти (26 март, 23:00 часот), а подобриот тим оди на Ирак (1 април, 05:00 часот).

Победникот од оваа фаза оди во групата И, каде што се Франција, Сенегал и Норвешка, а домаќин на турнирот ќе биде Гвадалупе.