Ливерпул најде замена за Салах, ќе ги чини најмалку 100 милиони евра

Макфакс

25/03/2026

09:27

302

Големина на фонт

а а а

Мохамед Салах (33) ќе го напушти Ливерпул на крајот од тековната сезона 2025/26, со што ќе заврши неговиот извонреден деветгодишен престој на „Енфилд“. Египетскиот напаѓач постигна договор со клубот за заминување, а од почит и благодарност кон навивачите, инсистираше веста за неговата иднина да биде објавена што е можно поскоро за да се обезбеди целосна транспарентност.

Веднаш по објавата дека заминува од Ливерпул, логично се наметна прашањето, кој ќе дојде на неговото место.

Медиумите во Англија тврдат дека тоа ќе биде Мајкл Олисе од Баерн. Се најавува дека овој трансфер ќе биде од финансиски, најголемите трансфери во претстојниот преоден рок.

Во прилог на овие тврдења од Англија, дојде и информација од Шпанија, дека Реал Мадрид практично го призна поразот во трката за францускиот репрезентативец, верувајќи дека неговиот трансфер на „Енфилд“ е веќе завршена работа.

Овој развој на настаните претставува значаен пресврт на фудбалскиот пазар. Реал Мадрид ретко се откажува од борбата за врвни играчи, освен ако исходот не е однапред јасен. Во овој случај, се чини дека намерите на Ливерпул, а веројатно и желбата на самиот играч, создадоа одлучувачка предност.

Реализацијата на трансферот сепак ќе зависи од проценката на Баерн. Извори од Германија наведуваат дека раководството на клубот би било подготвено да го пушти за 100 милиони евра.

Сепак, постои сомнеж дека сумата што е ја бара Баерн е поголема, бидејќи Олисе има договор до 2029 година и оваа сеозна игра во брилијантна форма.

Преговарачката позиција на Ливерпул би можела да зависи од намерите на играчот. Доколку Олисе активно инсистира на враќање во Англија, преговарачката моќ на Баерн би можела да ослабне. Во спротивно, германскиот клуб има многу силна позиција.