Раководството на Јувентус и натаму не го заборава Рандал Коло Муани и сигурно ќе направи барем уште еден обид да го врати Французинот во Торино, но од другата страна е ПСЖ кој има свои барања.
Актуелниот заем на Коло Муани во Тотенхем не оди во најдобра насока, пред се поради резултатската криза во која се наоѓа лондонскиот тим, а Јувентус од втор план разговара со агентите на фудбалерот околу негова целосна преселба во Италија.
ПСЖ претходно инсистираше на своите услови за заем или продажба, па не беше постигнат договор со Јувентус, но сега ќе се обиде да изведе интересна размена.
Спортскиот менаџмент на европскиот шампион е заинтересиран за Џонатан Дејвид, напаѓач кој не ги оправда очекувањата во редовите на „бјанконерите“, но затоа претходно одигра одлични сезони во редовите на Лил.
Искуството на француската фудбалска сцена го прави Дејвид интересен за ПСЖ, па се чини дека евентуалната размена на двајцата напаѓачи може да биде прифатливо сценарио за двете страни.








