Крајната десна лента на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош во Бутел утрово е непроодна оти се расипа уште еден двокатен автобус на ЈСП.
Возачите во најголемиот утрински метеж беа принудени да го заобиколуваат расипаниот автобус кој стои во близина на автобуската постојка спроти поранешна Албанска амбасада.
Двокатните автобуси за Скопје беа набавени во 2010 година, кога Министерството за транспорт и врски потпиша договор со кинеската компанија „Џенгџоу Јутонг Групација“ за 202 автобуси.

Испораката започна во 2011 година и траеше до крајот на 2013 година. Во последниве неколку години зачестија дефекти и исклучување на двокатните од сообраќај оти претпријатието нема резервни делови, многу често се случува на улица и да се запали некој од нив.









