[ФОТО] Северина во крем боја од глава до пети: Вниманието го привлече необичната чантичка во облик на орев од познатиот бренд

Кармин

24/03/2026

18:05

482

Големина на фонт

а а а

Хрватската пејачка Северина се пофали со впечатлив аутфит на социјалните мрежи, комбинирајќи комплет во крем-бела боја со необична чантичка во облик на орев.

Северина беше облечена во крем нијанса од глава до пети, а целиот аутфит бил во неутрални тонови што зрачат со софистицираност и модерен минимализам.


Таа избрала широки, лелеави панталони со висок струк во крем нијанса, кои ја издолжуваат силуетата. Со нив искомбинирала свилена блуза со дискретен чипкан детаљ на деколтето, што на целиот изглед му даде доза на женственост.

Преку сè носела долг, структуриран мантил во истата нијанса. Аутфитот дополнително бил надополнет со модни додатоци – впечатливи висечки обетки и мала clutch чантичка во металик-златна боја со синџир.

Чантичката била во облик на орев и е парче од брендот „JW Anderson“, која инаку чини околу 1000 долари.


„На состанок задолжително тргнете со орев, за да мислат дека сте тврд орев...“, се пошегува пејачката.

Целиот аутфит го заокружила со класични салонки во беж нијанса, додека брановидната фризура и софистицираниот мејкап го нагласија нејзиниот препознатлив стил.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk