[АУДИО] Актерката ја откри тажната вистина: Еве зошто Мередит Греј носела блузи под униформата во серијата „Вовед во анатомија“?

Точка

24/03/2026

16:28

522

Големина на фонт

а а а

Актерката Елен Помпео, чија кариера ја одбележа улогата на Мередит Греј во серијата „Вовед во анатомија“, благодарение на оваа улога го освои срцето на публиката ширум светот, а сега откри детали од снимањето на серијата.

Имено, таа со години под медицинската униформа носела блузи или маички, а сега искористи прилика да открие вистинската причина.


Во интервју за „People“ во 2021 година, Елен се потсетила дека коментарите за нејзината телесна тежина ја доведувале до солзи.

„Често ме критикуваа затоа што бев многу слаба и немав многу самодоверба, но бев природно витка“, рекла таа.


„Секогаш сметав дека е неодговорно од медиумите да ме прикажуваат како личност со нарушување во исхраната. Ако некои девојки ме гледаат како пример и помислат дека мораат да прават исто за да изгледаат како мене, тоа е ужасна порака. Пречесто ги слушав критиките, а тоа беше уште пред ерата на социјалните мрежи. Уште е неверојатно да се помисли со што денеска жените мора да се справуваат“, раскажала актерката.

Гостувајќи минатата година во подкастот „Tell Me “ на доктор Џејк Дојч, Елен Помпео ја објаснила тажната причина зошто носела маичка под хируршката униформа.


„Преживеав многу трауми во раното детство, па природно бев необично слаба“, рекла таа и додала:

„Не можам да го објаснам тоа, ни сама не разбирам зошто. Не можам ни да избројам колку пати сум плачела затоа што луѓето мислеа дека имам нарушување во исхраната“, открила актерката.

Таа истакнала дека критиките за нејзината тежина станале толку интензивни што повеќе не ѝ било удобно и пријатно да се појавува на црвениот тепих.


Работите што ги пишуваа таблоидите за мене беа неверојатни. Дури и на сетот на серијата, додека глумев докторка, ми зборуваа: „Мораш да носиш маичка под хируршката униформа, затоа што изгледаш болно слаба. Јадеш ли? Имаш ли некакви проблеми?“ – продолжила таа.

„Стигна до таму што продукцијата ми организираше достава на оброци, затоа што мислеа дека имам нарушување во исхраната.“