Патничко моторно возило „ауди а6“ било опожарено во раните утрински часови во Сарај, паркирано во дворот на семејната куќа.
Според информациите, пожарот избувнал околу 02:20 часот. Возилото било сопственост на С.А.(64) од Сарај.
Огнот го изгаснал сопственикот заедно со неговиот син Б.А., при што нема повредени лица.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








