Нападите врз иранските острови и јужниот брег на Иран ќе доведат до прекинување на поморските патишта во Заливот и поставување морски мини, објави денес Иранскиот национален совет за одбрана.
САД разгледуваат планови за окупирање или блокада на иранскиот остров Харг, голем центар за извоз на нафта, за да извршат притисок врз Техеран повторно да го отвори Ормускиот теснец за сите бродови, објавува Аксиос.
„Секој обид за напад на бреговите или островите на Иран ќе резултира со минирање на сите пристапни патишта до Заливот од разни видови морски мини, вклучително и пловечки мини што можат да се активираат од брегот“, се вели во соопштението.
Иранскиот национален совет за одбрана потсети дека бродовите на земјите што не се во зоната на конфликт можат да поминат низ Ормускиот теснец со координација на навигацијата со Иран, објавува Танјуг.








