Техеран го демантира Трамп: Нема намалување на воените операции, ќе следи лекција

Макфакс

21/03/2026

15:20

636

Големина на фонт

а а а

Неименуван ирански функционер остро реагираше на коментарите на Доналд Трамп за можноста од намалување на американските воени операции, пренесува Ал Џезира.

„Техеран не верува на изјавите на Трамп. Не се случило никакво опипливо намалување на американските воени активности во регионот“, изјави функционерот. „Она што Трамп го најави не ја одразува реалноста на терен. Техеран заклучи дека сега треба да му даде едноставна лекција.“

Контрадикторни пораки од Трамп

Инаку, Трамп во петок изјави дека размислува за „постепено намалување“ на воените операции, но подоцна истакна дека не сака „премирје“ со Иран.

„Знаете, не се склучува премирје кога буквално ја уништувате другата страна“, рече Трамп пред новинарите.