Словенија може да ограничи точење гориво за странци

Макфакс

21/03/2026

15:16

195

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб, изјави дека владата може да го ограничи точењето гориво за странски возачи ако е потребно. Тој нагласи дека залихите се доволни и дека засега нема проблеми со снабдувањето, и покрај зголемената побарувачка.

Министерот за економија, Матјаж Хан, објасни дека владата привремено ги укина акцизите и еколошките давачки, но од вторник се очекува цените на горивата да поскапат за околу 11 евроценти по литар.

Регулирањето на цените на автопатите и експресните патишта е укинато, па трговците слободно ги формираат цените.

За стабилизирање на пазарот, од државните резерви ќе бидат ставени на располагање до 30 милиони литри дизел. Министерот за финансии, Клемен Боштјанчич, ги повика граѓаните и компаниите на одговорно однесување, предупредувајќи дека зголемената побарувачка го оптоварува системот за снабдување.

Претставниците на нафтените компании посочуваат дека побарувачката расте поради повисоките цени, стравот од недостиг и сезонските потреби, особено во земјоделството и транспортот.