За разлика од НАТО, Јапонија презема одговорност во војната со Иран, рече Трамп

Макфакс

19/03/2026

18:39

308

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е задоволен од поддршката на Јапонија во врска со воените активности на САД во Иран, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој нагласи дека Јапонија „презема одговорност“, за разлика од НАТО, кој според него не дава доволна поддршка.

„Имавме огромна поддршка и однос со Јапонија во сè“, изјави Трамп за време на билатералната средба со јапонската премиерка Санае Такаичи. „И верувам дека, според изјавите што ни ги дадоа вчера и завчера, во врска со Јапонија, тие навистина преземаат одговорност, да.“ Потоа додаде кратка забелешка: „За разлика од НАТО.“

Во меѓувреме, Јапонија и неколку европски земји издадоа заедничко соопштение во кое ги осудуваат иранските напади врз бродови и ја изразуваат подготвеноста да помогнат во обезбедување безбеден премин низ Ормускиот теснец.

Трамп повторно го критикуваше НАТО, оценувајќи дека алијансата прави „голема грешка“ со недоволната поддршка, и додаде дека очекува Јапонија да има поголема улога, особено поради зависноста од увоз на нафта преку теснецот.