Пријава за кражба на струја, жител на тетовско го оштетил ЕВН за над еден милион денари

Макфакс

18/03/2026

15:02

205

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(54) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Според информациите на МВР, на деловен простор во Тетово, на кој е регистрирано електрично броило, пријавениот направил манипулација со две од трите фази, со што било оневозможено точното мерење на потрошената електрична енергија од деловниот простор.

На тој начин била оштетена ЕВН Македонија за сума од 1.080.830 денари.