Како брзо и ефикасно да ја исчистите машината за садови? Само една состојка може да ви помогне (не е сода бикарбона)

Кармин

18/03/2026

10:06

551

Големина на фонт

а а а

Машините за миење садови го олеснуваат животот и заштедуваат време, но со текот на времето акумулираат и нечистотија, сапуница, остатоци од храна и маснотии.

Сето ова создава поволна средина за развој на бактерии и ја намалува ефикасноста на самиот уред, поради што редовното чистење е од суштинско значење за негово долгорочно и правилно работење.

Експертката за домашни апарати Лара Бритен открила корисен метод за чистење на машината за миење садови кој не бара скапи хемикалии, туку само една состојка што многу луѓе веќе ја имаат во своите кујни, пренесе „Експрес“.


„Машините за миење садови не можат сами да се исчистат. Со текот на времето, во нив се акумулираат разни нечистотии. Потребно е секогаш да ги плакнете садовите под млаз вода пред да ги ставите во машината. Ова ќе ја намали количината на остатоци што остануваат во машината“ објаснила таа.

Дополнително, се препорачува редовно да го чистите филтерот што се наоѓа на дното од машината. Во повеќето случаи, доволно е само да го исплакнете под вода, а понекогаш ќе биде потребно подетално чистење за да се отстранат сите нечистотии.


„Мал трик е да сипете чаша оцет во празна машина за миење садови. После тоа, вклучете ја на програма со висока температура. Оцетот ќе ги разгради сите дамки од храна, сапуница и нечистотија. Не треба да се грижите, машината нема да мириса на оцет“ нагласила таа.

Киселината од оцетот делува како природно средство за чистење и дезинфекција, а воедно е безбедна за уредот. Принципот на чистење со оцет е подеднакво корисен и за машините за перење алишта. Оцетот лесно ќе го исчисти барабанот и фиоката за детергент.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk