Шилегов: Очигледно постои договор СДСМ да ги промашува темите за да избегне истраги, раководството да си замине

Макфакс

17/03/2026

15:12

270

Големина на фонт

а а а

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов изјави дека постои договор СДСМ да биде во сегашната состојба, упорно да ги промашува темите и да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да освои два мандати, со цел да се избегнат евентуални истраги и кривични постапки.

Тој ова го изјави на пауза од судското рочиште за предметот „Пулс“, каде застапува еден од обвинетите.

Шилегов оцени дека партијата е кадровски исцрпена и дека одлуката за иницирање на негово исклучување е спротивна на Статутот, бидејќи, како што рече, таквата постапка треба да ја води општинската организација.

Тој го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да дојде во општинската организација во Карпош и таму да се разговара за неговото исклучување и за состојбите во партијата.

Шилегов најави дека ќе продолжи со својата платформа и стратегија и побара актуелното раководство да се повлече за да ја ослободи партијата, која некогаш беше државотворна.

„СДСМ не е сопственост на една групација, па со неа да се пазарат за својата слобода“, рече Шилегов.

Изјавата доаѓа откако Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да иницира постапка за негово исклучување од партијата.