Растечките глобални температури не влијаат само врз климата, туку и врз тоа колку се движиме. Нова студија објавена во списанието „The Lancet Global Health“ предупредува дека жештините до 2050 година би можеле да турнат милиони луѓе кон седечки начин на живот, со дури 470.000 до 700.000 дополнителни предвремени смртни случаи годишно.
Со анализа на податоци од 156 земји во периодот од 2000 до 2022 година, истражувачите откриле јасен тренд: секој дополнителен месец со просечна температура над 29 степени Целзиусови ја зголемува физичката неактивност за околу 1,4 проценти. Иако денес околу 65 проценти од луѓето се движат доволно, недостатокот на физичка активност веќе сега предизвикува околу 5 проценти од сите смртни случаи во светот.

Најголем ризик им се заканува на тропските и посиромашните региони, како Карибите и потсахарска Африка, но последиците нема да ги заобиколат ниту побогатите земји. Научниците наведуваат дека жештините го отежнуваат движењето и физички и психолошки, особено кај постарите лица и кај жените, чие тело потешко ја поднесува високата температура.

Доколку градовите не се приспособат со повеќе сенка, достапни климатизирани простори за вежбање и намалување на емисиите на гасови, проблемот само ќе се продлабочува. Разликата меѓу „потопло“ и „постудено“ сценарио би можела да значи стотици илјади изгубени човечки животи.