Долговечноста денес е повеќе од научна дисциплина – тоа е културен и животен тренд меѓу најбогатите луѓе во светот. Милијардерите не се ограничуваат само на вложувања во биотехнолошки компании, туку активно го менуваат сопствениот начин на живот за да го продолжат здравиот животен век.
Кои се предводниците?
• Брајан Џонсон – технолошки претприемач и предводник на „биохакинг“ концептот. Тој секојдневно следи стотици биомаркери, има строго контролирана исхрана и режим на спиење и е познат по проектот „Blueprint“ – радикален план за подмладување на телото. Во неговата рутина важен дел се специјално одбрани додатоци во исхраната и бустери за клеточна регенерација.
• Џеф Безос – основачот на Amazon е меѓу најголемите поддржувачи на истражувањата за стареење. Освен инвестициите во компании како Altos Labs, тој практикува активен начин на живот: редовни тренинзи, здрава исхрана и употреба на суплементи за енергија и имунитет.
• Питер Тил – коосновачот на PayPal е познат по неговиот интерес за експериментални терапии и клеточно репрограмирање. Тој е меѓу најгласните поддржувачи на идејата дека науката може да го забави или дури да го преобрати стареењето.
• Лари Елисон – основачот на Oracle кој е познат по тоа што со години промовира здрав животен стил и вложува во медицински истражувања. Неговата дисциплина вклучува спорт, додатоци во исхрана и персонализирана медицина.
• Сем Алтман – извршниот директор на OpenAI, кој што смета дека долговечноста е иднината на здравството и активно поддржува стартапи од оваа област.

Што е заедничко на сите овие милјардери во трката по долговечност?
• Персонализирана медицина: редовни генетски тестови и персонализирани планови кои ги задоволуваат индивидуалните потреби на клиентот.
• Строга исхрана: дневен план на исхрана со ниски калории и прецизно избалансирани нутритивни состојки.
• Физичка активност: комбинација од класични тренинзи и нови методи за клеточна регенерација.
• Додатоци во исхрана: суплементи и бустери за енергија, имунитет и клеточна поддршка и регенерација кои содржат високи дози на NAD+ бустери, антиоксиданси, омега 3 масни киселини, полифеноли, липозомни сенолитици и сл.
• Технологија: користење на AI за анализа на здравствени податоци и оптимизација на телесните функции.
Трендот на долговечноста меѓу милијардерите е повеќе од инвестиција – тоа е нов стил на живеење. Од строги биохакинг рутини до суплементи и најнапредни терапии, овие личности ја претвораат потрагата по подолг живот во културен и научен феномен. Прашањето што останува е: дали нивните практики ќе станат достапни за пошироката јавност или ќе останат привилегија на најбогатите?
Комерцијален текст










