Ако цел ден гледате во екран, овој трик од 15 секунди може да им помогне на вашите уморни очи

Точка

16/03/2026

19:00

519

Големина на фонт

а а а

Ако во текот на денот поминувате многу време гледајќи во екранот на телефонот, компјутерот или други уреди, можно е да забележите дека видот ви се замаглува, очите стануваат суви или едноставно чувствувате непријатност во нив. Во такви ситуации можете да испробате едноставен трик за „ресетирање“ на очите што може да го примените во секој момент.

Едноставен трик за уморни очи

Американскиот киропрактичар др. Алан Мандел го предлага следново: држете го палецот на околу 25 сантиметри од очите и фокусирајте се на него две секунди. Потоа брзо префрлете го фокусот на нешто од другата страна на просторијата и задржете го погледот две секунди. Повторно вратете го фокусот на палецот, а потоа повторно на оддалечениот предмет, наизменично менувајќи го фокусот околу 15 секунди, пишува „Zadovoljna.hr“.


Оваа кратка вежба ги активира цилијарните мускули во очите, кои се одговорни за контролата на фокусот. Кога подолго време гледате во екрани, овие мускули се задржуваат во една позиција и се заморуваат, што може да предизвика привремено заматување на видот и чувство на напнатост во очите.


Со менување на фокусот од палецот кон оддалечен предмет, цилијарните мускули се „ресетираат“, се подобрува протокот на крв во очите, а многу луѓе забележуваат дека видат појасно и чувствуваат како очите им се опуштаат речиси веднаш.