Седлоски го објави првиот список, три нови имиња ќе конкурираат за баражот со Данска

Дерби

16/03/2026

15:15

245

Големина на фонт

а а а

Новиот македонски селектор, Гоце Седлоски го објави првиот список како предводник на националниот состав и тоа за баражот за пласман на Светското првенство.

Пред нас е дуел со Данска, а ако ја совладаме одиме на победникот од пресметката меѓу Чешка и Ирска за место на мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Селекторот Седлоски повика три нови имиња и тоа се офанзивецот Дени Мусовски и дефанзивците Имран Фетаи и Себастијан Херера. Воедно имаме и тројца повратници и тоа се Егзон Бејтулаи, Љупчо Дориев и Бобан Николов.