Екипата на Шкендија забележа победа над Арсими од 1-0 во вториот натпревар од денешната програма од 23. коло во Првата македонска лига.
„Црвено-црните“ имаа една и единствена цел, да ги освојат трите бода по киксот кој го направија претходното коло во АП Брера (1-1), цел која ја остварија и одново се на минус три во однос на лидерот Вардар.
Човек на одлука беше ветеранот Бесарт Ибраими кој постигна мајсторски гол во првото полувреме. Клубот од Тетово во наредното коло и гостува на Македонија Ѓорче Петров, додека Арсими има уште еден тежок испит, соочување со Вардар.






