Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај ГП Дојран

Макфакс

15/03/2026

15:15

152

Големина на фонт

а а а

Педесет и петгодишен возач се здобил со тешки телесни повреди откако со автомобил излетал од патот на регионалниот пат 1105, во близина на Граничниот премин Дојран.

Како што информира полицијата, на 15 март 2026 година во 03:48 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека патничко возило фиат со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(55) од Нов Дојран, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија.