Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Макфакс

15/03/2026

10:03

433

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Кир Стармер би можел да испрати илјадници дронови-пресретнувачи на Блискиот Исток, објави лондонски Телеграф.

Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување на одбраната на Велика Британија од иранските дронови „Шахед“, се наведува во текстот на Телеграф.


 Ројтерс не можеше веднаш да ја потврди информацијата.