Сончево со умерена облачност, попладне услови за слаби врнежи

Нетпрес

15/03/2026

09:59

236

Големина на фонт

а а а

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од минус 2 до 3, додека највиските во текот на денот соодвенот ќе се движат во интервалот меѓу 9 и 19 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.

Времето во следните денови: Во текот на наредната седмица ќе преовладува променливо облачно време, до среда со повремени локални врнежи од дожд. Во среда и четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.