[ФОТО] Ања Тејлор-Џој во ретко појавување со сопругот во јавност, актерката загрижи со слабиот изглед

Точка

14/03/2026

09:57

469

Големина на фонт

а а а

Актерката Ања Тејлор-Џој и нејзиниот сопруг Малколм Мекреј ретко се појавуваат заедно во јавноста. Сепак, парот направи исклучок на свечената вечера во пресрет на доделувањето на Оскарите, која ја организираа „Dior“ и списанието „W“ во ресторанот „Mr. Chow“ на Беверли Хилс.

За тој настан Тејлор-Џој избра бел плетен фустан со длабоко деколте и прерамки што паѓаа од страните. Целокупниот впечаток го заокружи со црно сако и бели сандали со ремчиња од марката „Aquazzura“, додека косата ја собра во висока пунџа и додаде дискретни сребрени обетки од „Tiffany & Co.“. Малколм носел класично црно одело и бела кошула.

Сепак, најмногу внимание привлече нејзината фигура. Тенкиот струк, изразените образи и нагласените јаболчници повторно ја поттикнаа расправата за денешните холивудски стандарди за убавина, кои многумина ги поврзуваат со екстремна слабост. Додека некои обожаватели се воодушевени од нејзината елеганција и грациозност, други изразуваат загриженост поради нејзиниот изглед, коментирајќи дека е „премногу слаба“ и дека изгледа „нездраво“.

И покрај сè, Ања зрачела со самодоверба. Додека позирале пред фотографите, Мекреј нежно ја прегрнал својата сопруга, што е ретка глетка за парот кој својата интимност обично ја држи далеку од очите на јавноста.

Парот е заедно од почетокот на 2021 година, а тајно се венчаа во пролетта 2022 година. Актерката ги откри деталите дури на нивната годишнина од бракот, објавувајќи на Инстаграм детали за тајната свадба.